Сантос си го бара својот дел од продажбата на Нејмар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Нејмар сеуште нема ни заиграно за тимот на ПСЖ, а неговиот поранешен тим Сантос бара да им бидат исплатени парите од рекордниот трансфер.

Тимот на Сантос бара од Барселона да им исплатат дури и повеќе од 5% што во превод би значело дека Бразилскиот тим бара околу 9 милиони од трансферот на Нејмар.

Според склучениот договор Барса треба да им исплати 4.5 милиои евра, но од Стантос бараат 9 милиони бидејќи не ги одиграле пријателските натпревари на Сао Паоло.

Но од Барселона ја демантираат продажбата на Нејмар во ПСЖ, тие стојат на ставот дека Нејмар замина како слободен агент во ПСЖ, што е и точно, бидејќи ПСЖ му даде пари на Нејмар сам да си го откупи договорот од Барселона.

Иако според правилата на ФИФА, која ги подржува клубовите во развој, Сантос треба да добие 5 проценти, од Барселона цврсто велат дека Нејмар си заминал како слободен играч.