Џеј Катлер си најде нов тим


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ветеранот квотербек кој се прослави како играч на Чикаго Берс, се врати од пензија и потпиша едногодишен договор со тимот на Мајами Долфинс.

 

Џеј Катлер играше осум сезони за тимот на Чикаго Берс и по крајот на сезоната во 2016 година тој го најави своето пензионирање. Веднаш потоа работеше како стручен коментатор во FOX Sports. Неочекуваната повреда на Рајан Тенхил, стартниот квотербек на тимот на Мајами Долфинс, го натера Катлер да се врати на терените и тој потпиша едногодишен договор со тимот.

Неговата годишна плата ќе изнесува 5 милиони долари, а притоа тој ќе инкасира и 5 милиони во бонуси. Покрај тоа, има шанса да добие уште 3 милиони долари, но тоа зависи од неговиот индивидуален успех, како и од успехот на екипата.

 

Катлер има 34 години и кариерата ја започна во 2006 година како играч на тимот на Денвер Бронкос, за две години подоцна да биде разменет во Чикаго Берс каде и стана локална легенда.