Дембеле и Кутињо сакат трансфер во Барселона


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што пренесува Скај од Германија, Осман Дембеле посакува трансфер во редовите на Барселона.

Младиот напаѓач очекува Барселона да испрати официјална понуда за да може да премине на „Камп Ноу“.

Од редовите на Борусија Дортмунд не планираат да го пуштат Дембеле за сума помала од 90 милиони фунти.

Извори пак за англискиот Скај Спортс пренесуваат дека Кутињо им порачал на челните лица на Ливерпул дека исто така посакува трансфер во Барселона, но дека нема да ги форсира се додека не ја добијат вистинската понуда за него.