Елмас дебитираше за Фенербахче


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од најголемите наши млади таленти, Елиф Елмас го имаше своето деби за турскиот гигант Фенербахче.

17 годишниот играч настапи на пријателскиот натпревар кој неговиот нов клуб го одигра против Калјари. Елмас ги одигра вторите 45 минути за тимот на Фенер.

Според зборовите на тренерот на клубот, Ајкут Кочман, нашиот интернационалец задоволил со својот деби настап и од него се очекува да биде голема ѕвезда во иднина.

Елмас се уште нема добиено дозвола од УЕФА за компетитивен настап за Фенер, па на натпреварот против Калјари играше како гостин на клубот.