ОФИЦИЈАЛНО: Далберт на медицински прегледи во Милано


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Интер отиде на шопинг во француската прва лига и оттаму се врати со нов лев бек. Клубот денеска официјално објави дека довчерашниот играч на Ница, бразилецот Далберт, ги поминал медицинските прегледи и во текот на денот ќе го потпише договорот со тимот од Џузепе Меаца.

 

Енрике Далберт е офанзивен лев бек кој има 23 години и во минатата сезона успеа да ги воодушеви скаутите на повеќе европски екипи со настапите за Ница, која изненадувачки успеа да стигне до третото место во француската лига.

Висината на трансферот изнесува 20 милиони евра, плус бонуси во однос на успехот кој ќе го постигне екипата на Интер. Платата која ќе ја заработува Далберт е 1,1 милиони евра по сезона.

 

Во минатата сезона Далберт имаше 33 настапи за првиот тим на Ница и притоа забележа 4 асистенции.