Масимо Макароне сѐ уште активен, си најде нов клуб


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


37-годишниот италијански напаѓач не ни размислува да стави крај на својата кариера туку баш напротив, тој си најде нов клуб со кој првпат ќе игра на нов континент.

 

Масимо Макароне е официјално нов член на австралискиот клуб Бризбејн Роар. Тој веќе неколку дена тренираше со клубот но денеска конечно ја доби работната виза, која му овозможува да игра во официјални натпревари за тимот од Бризбејн.

На фудбалската јавност Макароне и е најпознат по настапите за Мидлзброу и Палермо, откако претходно тој кариерата ја започна во младинската школа на Милан. Последен клуб му беше Емполи, но по испаѓањето од Серија А тој реши да си најде нов предизвик.

 

Бризбејн Роар на средина од овогодинешната сезона се наоѓа на шестото место во австралиската лига и нивниот тренер Џон Алоизи се надева дека Макароне може да го мотивира тимот за да стигнат до самиот врв.