ОФИЦИЈАЛНО: Зенит потпишува играч од Атлетико Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рускиот гигант Зенит е силно решен оваа сезона да биде шампион во домашната лига, па затоа по низата трансфери на играчи надвор од клубот, летово клубот работи одлучно на донесување нови сили кои ќе го засилат составот на тимот од Санкт Петерсбург.

 

Довчерашниот играч на Атлетико Мадрид, Матиас Краневитер, стави потпис на четиригодишен договор со тимот на Зенит откако неговата авантура во Мадрид заврши неуспешно. Тој имаше само 11 настапи за тимот на Атлетико и минатата сезона настапуваше како позајмен играч во екипата на Севиља.

 

Матиас Краневитер е 24-годишен репрезентативец на Аргентина и тој пред да игра за тимот од Мадрид беше член на Ривер Плата.