Толку од љубовта помеѓу Кутињо и Ливерпул: „Сакам трансфер во Барса“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

 

Во отворен разговор со челниците на клубот и менаџерот, Филип Кутињо им рекол дека сака да му се приклучи на тимот на Барселона.

Оваа вест  најпров ја пренесе ЕСПН бразил, според блиски извори до играчот, а потоа и сите англиски медиуми.

Минатиот месец Ливерпул ја одби понудата од 72 милиони, но Каталонците и покрај изјавата на Клоп дека играчот не е на продажба по ниедна цена, цврсто стојат на ставот дека сакаат да го доведат во своите редови.

Според медиумите желбата на играчот е огормна, а Ливерпул би се согласил да го пушти само за сума од 100 милиони.

И поранешниот капитен на клубот од Ливерпул Граем Соунес изјави дека е тешко за било кој играч да сврти грб на еден клуб како што е Барселона.