„Направивме се за да го ангажираме, но не успеавме…“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Претседателот на Рома, Мончи денеска во италијанските медиуми проговори за потенцијалното засилување на Римскиот тим и  ситуацијата околу Ријад Марез.

„Направивме се што можевме за да го ангажираме, но не успеавме, сега ние сме насочени кон потпишување на некои други играчи“ – изјави Мончи.

Втората и подобрена понуда која Рома ја испрати за брзоногиот фудбалер  беше 35 милиони, но Лестер ги одби.

Откако беа одбиени и втор пат од англискиот тим, Римјаните се повлекоа од потпишување на Алжирецот.

„Можеше да биде најскапо платениот играч на Рома некогаш, но тој и неговиот клуб не го прифатија тоа.“ – Заврши Мончи.