Балотели: „Го обожавам Наполи“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Балотели беше денеска фатен во тесно, на една пресконференција за новинарите и призна дека го обожава Наполи и Наполитанците.

Некои италијански извори велат дека Марио Балотели бил фатен како вози и до 200 км на час со своето црвено ферари, но тоа италијанскиот напаѓач го демантираше.

„Италијанските весници секогаш се валкани и бесмислени, никогаш не проверуваат нешто пред да објават, дефинитивено не е точно дека сум возел 200 км на час.“ -изјави Балотели.

Тимот на Ница за кого настапува Марио ќе се соочи во плејофот од Лигата на Шампионите против Наполи, а тој даде интересна изјава во врска со овој дуел.

„Ги обожавам Наполитанците, секогаш ми е криво што мора да играм против екипа која е од мојата земја“. – заврши Балотели.