Вентура останува на чело на Италија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Џамиеро Вентура го продолжи договорот со италијанската фудбалска федерација и ќе остане на кормилото на Италија до 2020 година.

69 годишниот Вентура го наследи Антонио Конте и потпиша двегодишен договор во јуни минатата година.

Вентура како предводник на Италија доби осум од 11 натпревари и со тоа го заслужи новиот договор кој на јавноста го соопшти претседателот на ФИГЦ, Карло Тавекио.