Скаутот на Јунајтед: Иско има преголема глава


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Пред неколку години Манчестер Јунајтед го испратиле својот скаут да ги следи настапите на Иско во дресот на Малага.

Сепак по само неколку проследени натпревари, скаутот на Манчестер Јунајтед им кажал на челниците на клубот да не го ангажираат играчот, а причината била помалку бизарна.

Финалниот извештај го објави ЕСПН, а тој гласи: „Тој е добар но не е доволно брз, а неговата глава е преголема за неговото тело“.

Потоа следел трансфер на Иско во редовите на Реал Мадрид, а вчера на Супер Куп натпреварот во Скопје токму Иско беше најзабележителниот фудбалер на теренот.