Стигна одговор од братот на Крос: Јувентус треба да плати 120 милиони и да го испрати Погба во Реал за мојот брат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Братот на ѕвездата на Реал Мадрид, Тони Крос, Феликс, ги прокоментира изјавите кои доаѓаа од италијанскиот клуб во врска со неговиот брат и Пол Погба.

“Пред некој ден прочитав дека Јувентус би се согласил да го пушти Погба во Реал во замена за 120 милиони евра и мојот брат. Прилично бев изненаден, Ако веќе се случаво таков трансфер би требало да се случи во обратна насока. Јувентус да плати 120 милиони и да го испрати Погба во Реал во замена за Тони. Бидејќи тој е најдобар во светот на неговата позиција”– изјави Феликс Крос.

Феликс, иначе настапува во Германија за тимот на Унион Берлин.