Јувентус би можел да го откупи договорот на Серџи Роберто


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Вестите кои доаѓаат од Шпанија велат дека Јуве е спремен да искешира 40 милиони за фудбалерот на Барселона, Серџи Роберто.

25-годишниот фудбалер може да игра на повеќе позиции, но негова специјалност е средината од теренот. Тој минатата сезона, за тимот на Барселона одигра 47 натпревари во сите натпреварувања.

За играчот уште се заинтересирани Челзи и Манчестер Јунјатед, но како фаворит се нагласува Јуве кој има најмалку потрошено оваа сезона.

Наводно Серџи Роберто сака да остане во Барселона, но со огледа на малата минутажа која ја има во клубот, сигурно дека ќе ги разгледа своите опции за заминување.

Барселона играчот го користеше на десната бековска позиција, а од Јуве веруваат дека тој би бил идеален за замена на Стефан Лиштајнер.