Неверојатно: Ливерпул одби 100 милиони за Кутињо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Кога Барселона сака нешто или некого обично го добива, но не и овој пат кога на патот им стои Јирен Клоп и Ливерпул кој што одбија неверојатна понуда од 100 милиони евра за Фил Кутињо.

Иако играчот јасно го нагласи својот став дека сака да се приклучи на тимот на Барселона, Клоп не размислува за негова продажба .

Како што пренесува Би Би Си, Ливерпул по втор пат ги одбива „Каталонците“ кои очајно посакуваат Фил Кутињо да биде замената за Нејмар.

Како замена за Нејамр се споменуваше и играчот на Јуве, Дибала но управата на тимот со еден потег им стави на знаење на Барса дека играчот не е на продажба, имено му го дадоа „светито“ дрес со број 10 и сагата за Дибала заврши.

Ливерпул не може да го направи тоа, бидејќи ФИл Кутињо веќе го носи дресот со број 10, најверојатно Клоп нема да најде решение за да го задржи во тимот својот најдобар играч кој сака да му се приклучи на Меси и компанијата.