Дени Роуз сака трансфер во Манчестер Јунајтед или Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Левиот бек на Тотенхем, Дени Роуз истакна дека во иднина сака да освојува трофеи и дека би можел да го напушти тимот на Тотенхем.

Англискиот интернационалец минатата сезона потпиша петгодишен договор со Тотенхем, меѓутоа се поврзува со заминување од клубот, а како најсериозни кандидати за неговиот потпис се споменуваат Манчестер Јунајтед и Челси.

„Ѓаволите“ мака мачат со левата бековска позиција, додека пак Челси тука го има одличниот Маркос Алонсо, па затоа медиумите му даваат предност на Манчестер Јунајтед во трката за бекот на Тотенхем.

„Го достигнав врвот и веројатно имам простор само за уште еден голем договор. Времето си поминува, а јас сакам да освојувам трофеи. Не планирам да играм фудбал 15 години без да освојам трофеј или медал. Можам да играм посеверно во иднина, тоа не претставува проблем за мене. Не велам дека сакам да го напуштам клубот, но доколку некој конкретно ме посакува, нема да имам никакви сомневања да ги искажам моите чувства на било кого во клубот“- коментираше Роуз.

Скај Спортс пренесува дека Манчестер Јунајтед и Челси до крај ќе се борат за потписот на Англичанецот, но дека во трансфер трката може да се вклучи и италијанскиот Интер.