Чичарито: Нема да славам ако погодам против Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Вест Хем, Хавиер Чичарито Ернандез на прес конференција пред воведното коло од Премиер Лигата истакна дека веројатно нема да слави доколку постигне погодок против неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.

„Тоа е мојот стар клуб, моите стари фанови, мојот стар стадион. Доколку погодам веројатно нема да славам иако тоа би бил мој прв гол за Вест Хем“- коментираше Чичарито.

Мексиканскиот репрезентативец по две години поминати во Баер Леверкузе се враќа во Премиер Лигата во дресот на Вест Хем Јунајтед.

„Пресреќен сум и мило ми е што веднаш по враќањето ќе играм на ’Олд Трафорд’. Сега сум играч на Вест Хем, па сакам да постигнам повеќе и од времето кога бев во Манчестер“- заклучи Чичарито.