Габигол станува соиграч на Ристовски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бразилецот кој како големо засилување стигна во редовите на Интер минатата сезона веројатно ќе ја промени средината. Габриел Барбоса во следните неколку денови треба да се приклучи на екипата на Спортинг Лисабон каде ќе настапува како позајмен фудбалер од Интер.

Барбоса воопшто не ги оправда очекувањата и имаше катастрофална сезона во дресот на Интер.

Новиот тренер на клубот, Лучијано Спалети не смета сериозно на Барбоса за оваа сезона, па затоа му е кажано да бара клуб во кој ќе игра стандардно со цел да ја врати формата која ја имаше додека играше во Бразил.

Инаку, пред неколку денови за „Лавовите“ потпиша и нашиот репрезентативец Стефан Ристовски.