Ауриер потпишува петгодишен договор со Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот на Пари Сен Жермен, Серж Ауриер е пред трансфер на „Олд Трафорд“. Со ваквиот трансфер Мурињо ќе ја засили десната бековска позиција каде во моментов игра Антонио Валенсија, а како резервна опција се Матео Дармиан и Тимоти Фосу Менза кој веројатно ќе замине на заем во Кристал Палас.

Како што пренесува порталот „Гол“ репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска со „Црвените Ѓаволи“ ќе потпише петгодишен договор.

Ауриер пристигна во ПСЖ во 2014 година и од тогаш за клубот од Франција има настапено на 57 првенствени натпревари. Минатата сезона Ауриер ја делеше минутажата со Томас Меуниер.