Дембеле не се појавил на денешниот тренинг! Нов трансфер на повидок?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Голем удар за тимот на Борусија Дортмунд зададе денеска токму нивниот играч, Осман Дембеле, откако не се појави на денешниот тренинг.

 

“Дембеле не се појави на денешниот тренинг. Пробавме да го контактираме, но не можевме. Никој нема разговарано со него денеска.” – изјави тренерот на тимот, Питер Бош.

Осман Дембеле е предмет на интерес на тимот на Барселона. “Каталонците” сакаат да го доведат во своите редови откако остана дупка во составот по заминувањето на Нејмар во ПСЖ.

 

Раководството на Борусија Дортмунд ја постави цената за играчот на 150 милиони евра.