“Картер Ефект” – документарен филм за Винс Картер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Или се пензионираш како легенда или остануваш во лигата доволно долго за да се видиш себеси во документарен филм кој зборува за твојата кариера. 40-годишниот Винс Картер издржа да го дочека ова второто.

 

Осумкратниот Ол-Стар учесник Винс Картер, кој најголемиот дел од кошаркарската публика ќе го памти како (веројатно) најатрактивниот забивач на сите времиња, беше дел од снимањето на документарен филм за неговата кариера и филмот ќе излезе некаде при крајот на 2017 година.

Темата на филмот ќе биде тоа каков ефект имаа играта, темпераментот и стилот на Винс над НБА лигата, како кај играчите, така и кај фановите.

 

Засега не се познати повеќе детали, но ќе бидат откриени кога ќе излезе првиот трејлер за филмот.