Гилфи Сигурдсон ќе го пропушти првиот меч од новата сезона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Тимот на Свонси ќе ја започне сезоната без својот најдобар играч, Гилфи Сигурдсон. Ова го потврди тренерот на тимот, Пол Клемент.

 

Сигурдсон веќе подолго време е пред трансфер во Евертон, но Свонси упорно ги одбиваше понудите за него. Но, многу веројатно е дека во скоро време Евертон и Свонси ќе најдат заеднички јазик и ќе се договорат за висината на трансферот, со што ќе му овозможат на исланѓанецот да се пресели во дресот на “карамелите”.

Шпекулациите велат дека Евертон се спремни да понудат околу 50 милиони фунти за талентираниот играч од средниот ред а доколку се случи трансферот, се очекува Насер Чадли да пристигне во Свонси како замена за Сигурдсон.