Фудбалскиот свет во шок: Мбапе е нов играч на ПСЖ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

 

И невозможното е возможно за Париз Сент Жермен. Имено најдобриот фудбалер на Монако, Килијан Мбапе е пред потпис со францускиот гигант.

Како што пренесува шпанскиот весник Марка, таткото на играчот бил клучен за неговата преселба во ПСЖ.

Клубовите наводно се договориле за висината на оштетата, а таа исто така е неверојатна сума од вртоглава сума од 160 милиони евра.

Иако Мбапе сакал да заигра за Реал Мадрид, неговиот татко го наговорил да остане во Франција и да игра за клубот, во градот во кој што е роден, Париз.