Познати имињата на фудбалските тренери од школата на Барселона во Охрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хесус Алманса Монстерат, Џонатан Лопез Албиах, Марк Монтеро Касадо, Гилием Коста Пинацо, Алберт Батаља Фернандез, Ориол Гутез Лопец и Хектор Кармона Пастор се имињата на тренерите на фудбалската школа на ФК Барселона кои во периодот од 21 до 27 август ќе ги пренесуваат своите фудбалски вештини и знаења на учесниците на првиот фудбалски камп на Барселона кој ќе се одржи во Охрид на терените на СРЦ „Билјанини Извори“.

На кампот ќе можат да земат учество деца од 6-16 години, кои ќе ги учат фудбалските вештини од врвни фудбалски тренери на фудбалската школа на ФК Барселона, а тренинзите ќе бидат поделени во две групи: од 6-10 години и 10-16 години.

По барање на учесниците и големиот интерес за учество во фудбалскиот камп, пријавувањето продолжува до 16 август 2017 година.