Реал бара замена за Љуљ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Откако дозна дека Серхио Љуљ ќе биде надвор од терените во наредните 6-7 месеци, шпанскиот клуб тргна во потрага по замена за него.

 

Прва мета на Реал Мадрид е Џејсон Грејнџер, 27-годишниот бек кој последните две сезони ги помина во Анадолу Ефес. Интересот за него е голем а шпанските медиуми велат дека тој веќе има официјални понуди од Уникаха Малага и Басконија. Сепак, доколку Реал Мадрид е решен да го потпише веројатно Грејнџер не би го одбил шпанскиот шампион, посебно знаејќи дека ќе има и повеќе од солидна минутажа бидејќи рехабилитацијата на Серхио Љуљ ќе трае долго.

 

Во минатата сезона од ЕвроЛига, Грејнџер одигра 35 натпревари и имаше просек од 10 поени и 4 асистенции.