Барселона и Басконија во трка за Смитс


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Двата шпански тима се борат за потписот на младиот латвиец од редовите на Фуенлабрада.

 

Додека уште се одвива сагата околу Адам Ханга, тимовите на Барселона и Басконија ќе се борат меѓусебно уште за еден играч. Имено, 22-годишниот крилен играч Роландс Смитс ги импресионирал скаутите на двата тима и сега тие се во константни преговори околу неговиот трансфер надвор од Фуенлабрада.

Неговата откупна клаузула е 750 000 евра но ниту еден од клубовите не сака да ја плати клаузулата во целост бидејќи Смитс има само уште една година од договорот со тимот.

 

Фуенлабрада има план да го продаде Роландс Смитс но во овие моменти чека на што повисока понуда за да направи повеќе профит.