Рокетс и Никс повторно во преговори за Кармело Ентони


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Десеткратниот Ол-Стар Кармело Ентони летово е цел на интерес на многу екипи, од кои како најсериозен конкурент за неговиот потпис се смета тимот на Хјустон Рокетс.

 

По подолга пауза во која ситуацијата на Кармело беше оставена на статус-кво, Хјустон повторно ги отвора преговорите со неговиот тим Њу Јорк Никс. Засега знаеме дека интересот е взаемен, и Кармело сака да оди во Хјустон а и Рокетси го сакаат Мело во своите редови. Единствен проблем е само согласноста на Никси, кои бараат подобар пакет од оној кој во моментов го нуди Хјустон.

Од Хјустон се уверени дека може да се постигне договор вклучувајќи го Рајан Андерсон во размената но Никси не сакаат да го наследат договорот на Андерсон бидејќи тој има предвидено уште 60 милиони заработка во наредните 3 години.

 

Рокетси се одлучни да го донесат Мело за да заигра заедно со Харден и Пол, но останува да видиме дали тоа ќе се случи пред почетокот на сезоната.