Причини кои покажуваат дека титулата во Премиер Лигата оваа сезона ќе заврши во Манчестер


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 

 

Во последните три години, вклучувајќи го и оваа лето, клубовите од Манчестер потрошија вртоглави 1.2 милијарди евра на засилување, но и покрај тоа титулата завршуваше во Западен Лондон и во Лестер.

И покрај поразот од Реал Мадрид во Супер Купот, тимот на Мурињо изгледа доста добро и позитивно воочи новата сезона.

Со доаѓањето на Немања Матиќ, Манчестер Јунјатед ги пополни сите дупки во тимот и може да се надева на титула оваа сезона.

Пеп Гуардиола пак имаше проблеми во одбраната, но експресно ги реши со новите засилувања, Сандро и Кајл Вокер кои беа платени по 50 милиони.

Англеските медиуми предвидуваат дека титулата оваа сезона би можела да се врати во Манчестер, откако и двата тима направија одлична работа преку летото со доведување на квалитетни засилувања.