Комити: Господине Самсоненко имаме многу незавршени работи заедно, не може да заминете


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По повод огласувањето на Сергеј Самсоненко дека планира да ја напушти Македонија и да престане да инвестира во спортското семејство Вардар, се јавија најверните навивачи на „црвено црните“, Комити Запад.

Комитите во подолго соопштение се обраќаат до Самсоненко на кого му порачуваат дека целосно стојат зад него и дека не може да замине од Вардар во овој момент.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

Почитуван господине Самсоненко,

Вие влеговте во Црвено-Црното семејство во вистинска смисла на зборот, влеговте со душа и со целото свое срце, и ние токму така и ве прифативме, со душа и срце…Ни приредивте толку голема радост, и овозможивте да се чувствуваме горди што сме припадници на овој клуб, што во нашите вени тече крв во боите на клубот со свето име. Ние не сме знаеле да прифатиме никого во ова наше семејство претходно на начинот на кој ве прифативме вас. Вие станавте синоним за овој клуб многу повеќе од било кој пред вас, вие како сопственик на клубот станавте икона негова, идол на новите генерации, вие, и покрај вас направивте да има уште десетици нови идоли
Па не сме ние толку наивни за да ве испуштиме од раце, сега кога се случуваат најголемите успеси на клубот, сега кога ја разбудивте нацијата и и покажавте дека се е можно, дека треба да веруваме
во себе… Покажавте дека во ова парче земја има луѓе кои имаат шампионски дух, способни да победуваат имиња кои претходно ни делуваа непобедливи…Вие сте дел од нас, и повеќе од тоа, вие сте голем Македонец на кого му тече Комитска крв. Како што со жив штит сме спремни да ја браниме и ќе ја одбраниме Јужната трибина по секоја цена, со жив штит сме спремни да ве одбраниме и вас од она зло кое ве опкружува и ви ја одзема енергијата која од вас зрачи. Како секој вистински професионалец и сопственик си одредивте
менаџерска структура во клубот и на истата и дадовте доверба да ја води работата, тоа е вистинскиот начин за работа кој е предодреден за успех…но…ете има и исклучоци, и од се срце во името на сите навивачи на клубот би сакале да ви укажеме дека ова раководство на Фудбалскиот клуб не го води клубот во вистинскиот правец…Ова раководство не знае да ги цени вистинските вредности на клубот, не знае да ја цени традицијата и историјата на клубот, и на крај ова
раководство не знае да ве цени ниту вас како сопственик…Создаде зла крв таму каде претходно никогаш ја немаше, не оддалечи од клубот кој ни е најблиску до нашите срца… Но доколку вие сметате дека ова раководство е токму она кое е најдоброто и го заслужува нашиот и ваш Вардар и покрај тоа што огромното мнозинство навивачи, Вардарци и спортска јавност не мисли така, тогаш во ред, не се мешаме во неговото работење, како што не се мешавме ниту досега. Но ние сме
должни да реагираме за да бидеме корекција на оваа и секоја претходна и наредна Управа, да им укажеме на нивните грешки за да се коригираат, и такви ќе продолжиме да бидеме, затоа што Вардар е нашето семејство, а семејството ги решава сите отворени прашања дома очи во очи.