Ди Мариа во Барселона?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона би можела да се насочи кон Анхел Ди Мариа пред трансфер прозорецот и официјално да биде затворен.

Гигантот од „Камп Ноу“ е во потрага по замена за Нејмар, но тешко им оди во таа намера откако не успеаја да го обезбедат потписот на Кутињо, а се мачат и со доведувањето на Осман Дембеле.

ПСЖ мора да продава играчи за да го исполни финансискиот фер плеј, а според медиумите отворени се за продажба на Анхел Ди Мариа.

Како што пренесува „Марка“ Лионел Меси ја притискал управата на Барселона да го донесе неговиот сонародник на „Камп Ноу“.