Ескишехирспор го осигура потписот на Ејрс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Ескишехир се засили под кошевите и во наредната сезона нивниот дрес ќе го носи поранешниот член на НБА и ЦСКА Москва, Џеф Ејрс.

 

30-годишниот играч помина 6 сезони во НБА лигата и за времето поминато таму играше за Портланд, Индијана, Сан Антонио и Лос Анџелес Клиперс. Пред една година се придружи на тимот на ЦСКА Москва но остана разочаран бидејќи низ текот на сезоната одигра само 4 натпревари во ЕвроЛигата.

 

Тимот на Ескишехир веднаш се засили, само што влезе во првата турска лига и по сѐ изгледа ќе бидат многу компетитивни во наредната сезона.