Зидан: „Кој и да го замени, ќе биде одличен, но нема да биде Нејмар“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

 

Тимот на Барселона, иако е без Нејмар, сеуште не може да се потцени. Дури и тренерот на Реал Мадрид вели дека ќе му биде тешко на раководните луѓе на Барса да го заменат бразилецот.

Фудаблерите на Реал Мадрид и Барселона, ќе се сретнат во дуелот од шпанскиот Суперкуп, утревечер на „Камп Ноу“, а и покрј заминувањето на бразилецот Нејмар, стратегот на „Кралевите“ вели дека нема да биде лесно да се совлада секогаш незгоданта Барселона.

„Не постојат играчи во светот кои се слични на Нејмар. Иако се случија промени во нивниот тим, Барселона си е секогаш Барселона“. -изјави Зидан и додаде:

„Сите знаеме како тие играат нивниот стил на игра е секогаш опасен. Иако Нејмар си замина тие имаат многу квалитетни играчи кои можат да заиграат на таа позиција, но нема да бидат како него“. – заврши тренарот на Реал Мадрид.