Дион Вејтерс: “Ирвинг, во Мајами веќе има еден алфа-мажјак!”


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Еден од тимовите кои Ирвинг ги преферира во евентуалната размена која ја побара е тимот на Мајами Хит. Но, еден негов поранешен соиграч му порача дека можеби тоа и не е идеалното место за него.

 

Имено, Кајри Ирвинг сака да игра во тим каде тој ќе биде алфа-мажјак и централна точка во франшизара. А Дион Вејтерс имаше неколку збора да каже на таа тема.

“Би било одлично доколку Ирвинг дојде во Мајами Хит, но треба да знае дека овој тим веќе има алфа-мажјак – ЈАС. Луѓето се прашуваат зошто имам толку високо ниво на самодоверба но јас ве уверувам дека мојата самодоверба е сосем оправдана. Без неа немаше да дојдам до местото каде што сум сега. Но, ако навистина Кајри сака да дојде тука може да играме заедно.” – изјави Вејтерс.

 

Во деновите кога тој и Ирвинг го носеа истиот дрес на Кливленд Кавалирс, Дион Вејтерс побара да биде разменет или тој или Ирвинг, бидејќи сметаше дека организацијата го фаворизира Кајри Ирвинг иако тој е подобриот играч од нив двајца.