Бугарските пливачи најбрзи на Олимпискиот маратон во Охрид


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бугарскиот пливач Венцислав Ајдарски е победник на првото издание на Олимпискиот десет километарски маратон кој денес се одржа во Охрид.

Во водите на Охридското езеро Ајдарски во возбудлив финиш стигна прв пред Марсел Шутен од Холандија.

Во женска конкуренција најбрза беше 14 годишната Василики Кадоглу која исто така доаѓа од Бугарија, додека на втората позиција заврши Тајша Возел од Словенија.

Олимпискиот маратон беше одржан под мониторинг на ФИНА и конкурира за да биде вметнат во официјалниот календар на светската пливачка федерација.

фото: Ohridnews.com