Спалети проговори за заминувањето на Перишиќ во Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Шефот на стручниот штаб на Интер, Спалети открива дека фудбалерот на Интер, Иван Перишиќ и покрај големата желба да заигра во Премиер Лигата, му признал дека и во Интер се чуствува одлично и е спремен за почетокот на новата сезона.

Манчестер Јунајтед го сакаше играчот во своите редови но до тоа не дојде, откако двете страни не успеаја да се договорат за цената на Хрватскиот фудбалер.

„Перишиќ моментално е фокусиран, и сака да остане во Интер“- изјави тренерот за Скај Спорт Италија.

Интер се подготвува за стартот на новата сезона, а Иван Перишиќ преку сите овие шпекулации покажа професионалност и остана мирен.

По се изгледа дека 28-годишниот хрватски интернационалец ќе остане на „Џузепе Меаца“ и следната сезона.