Пени Хардавеј: “Ленард не е супер-ѕвезда”


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Многумина би го класифицирале крилото на Сан Антонио Спарс како еден од петте најдобри играчи во НБА лигата во моментов и за неговата игра ретко кој има критика. Но, Пени Хардавеј има мислење за Ленард кое е во најмала рака контроверзно.

 

Легендарниот Пени Хардавеј во дискусија во која говореше за најдобрите играчи во лигата го спомна и Кавај Ленард ама успеа и да “фрли сенка” над неговото име. Имено, тој повеќе е заинтересиран за поставеноста на Ленард надвор од терените и карактерот кој го покажува на теренот.

“Кавај Ленард не е супер-ѕвезда затоа што тој ниту има интерес за да биде главното лице на лигата а ниту пак е заинтересиран да биде во реклами кои ќе му ја дигнат популарноста. Тој е добар играч, навистина. Но не би кажал дека е супер-ѕвезда.” – изјави Пени Хардавеј.

 

Во минатата сезона Кавај Ленард беше одличен и го донесе тимот на Сан Антонио Спарс до конференциското финале, каде што се повреди уште во првиот меч и без него тимот на Спарси не можеше да се избори против моќните Вориорси.