Фуриозен почеток за Манчестер Јунајтед во Премиер Лигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Манчестер Јунајтед го истури сиот бес од поразот од Реал Мадрид во Скопје врз екипата на Вест Хем.

Избраниците на Жозе Мурињо на „Олд Трафорд“ демонстрираа сила против „Чеканите“ и успеаја да победат со големи 4:0.

Два гола за Манчестер Јунајтед постигна новото засилување Ромелу Лукаку, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Ентони Марсијал и Пол Погба.

„Ѓаволите“ беа феноменални во текот на целиот натпревар, а одличен натпревар имаше уште еден нов фудбалер во стројот на Мурињо, Немања Матиќ.