Пелистер подобар во пелагониското дерби, Ак. Пандев и Шкупи ги поделија бодовите


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Пелистер забележа победа од 2:1 во пелагониското дерби против прилепска Победа.

На теренот во Могила избраниците на Срѓан Захариевски заслужено стигнаа до победата и ги впишаа првите три бода во новата сезона.

Пелистерци го отворија резултатот преку Иве Трифуновски во 24. минута од натпреварот. Резултатот го изедначи новото засилување за Победа, Борче Маневски кој беше прецизен од белата точка во 51. минута. Точка на натпреварот стави бразилскиот интернационалец Лукас кој во 70. минута ја смести топката во мрежата на Победа.

Новиот прволигаш Академија Пандев испушти победа против Шкупи во последните моменти од натпреварот. Академците имаа водство од 77. минута кога мрежата на Шкупи ја погоди Љупчо Дориев. Сепак домашниот тим успеа да се извлече и со гол во 89. минута дојде до конечни 1:1.

Силекс во Кратово со 1:0 славеше против уште еден нов прволигаш, Скопје. Единствениот гол за кратовчани го постигна Бразилецот Маркос Де Оливеира.