Свонси се засилува со тројца играчи пред крајот на преодниот рок


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Свонси се надеваат дека ќе ги обезбедат потписите на нивниот поранешен играч, Вилфред Бони, фудбалерот на Стоук, Џо Ален, како и поранешниот играч на Тотенхем, Насер Чадли.

Сепак пред да се обезбедат овие играчи клубот од Велс најпрво ќе треба да го продаде нивниот најдобар играч од минатата сезона, Гилфи Сигурдсон. За Сигурдсон постои огромен интерес од Евертон и речиси сигурно Исланѓанецот во следните денови ќе стане нов фудбалер на „Карамелите“.

Свонси ќе добие 50 милиони фунти за Сигурдсон и сите пари ќе ги вложи за ангажман на Бони, Ален и Чадли со што значително ќе го засили својот состав.