Хесе се сели во Премиер Лигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Некогаш големата надеж на Реал Мадрид, Хесе Родригез, денес треба да го комплетира трансферот од ПСЖ во редовите на Стоук.

Шпанецот на „Британија“ ќе пристигне како позајмен фудбалер со можност за целосен откуп на неговиот договор за сума од 22 милиони фунти.

Хесе претходно имаше договор со Фиорентина, но во последен момент се појави тимот на Стоук, а Шпанецот го избрал англискиот тим затоа што преферирал трансфер во Премиер Лигата.

Хесе во ПСЖ остана само шест месеци по трансферот од Реал Мадрид, а вториот дел од минатата сезона го помина на позајмица во Лас Палмас.