Анри: Манчестер Јунајтед во моментов е неверојатен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери во историјата на францускиот фудбал и своевремено легенда на Арсенал, Тиери Анри со беше полн со пофални зборови кон тимот на Манчестер Јунајтед.

Анри анализирајќи го натпреварот против Вест Хем истакна дека Манчестер Јунајтед е многу поразличен тим од минатогодишниот. Главната промена ја гледа во српскиот репрезентативец, Немања Матиќ.

„Во Јунајтед сега има и брзина и сила, од таму фактот што мрежата на ривалот се тресеше дури четири пати. Тоа е нешто што и недостасуваше на екипата минатата година. Лукаку одигра неверојатно, МАтиќ исто така, а Рашфорд цело време беше закана за Вест Хем.

Потоа во игра влезе Марсијал, со голема желба и веднаш тргна кон Забалета. Тоа не е нешто што го видов кај овој тим минатата сезона. И Погба се запиша во листата на стрелците, а кога го имате Марсијал кој влегува од клупата и ја зголемува моќта на тимот, кога ја имате силата на Матиќ кој командува со средниот ред тогаш имате неверојатен тим. Јунајтед оваа година ќе биде неверојатен“– коментираше Анри.

Целиот тим на Манчестер Јунајтед одигра перфектен натпревар против Вест Хем, но според сите аналитичари, па и фановите, Немања Матиќ беше број еден на натпреварот против „Чеканите“.