Надал без борба на врвот на АТП, Федерер го откажа учеството во Синсинати


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од најдобрите тенисери во историјата на белиот спорт го откажа својот настап на турнирот кој го освојуваше дури седум пати во својата кариера.

36 годишниот Федерер го откажа настапот во Синсинати поради повредата на грбот и нема да може да се бори со Рафаел Надал за враќање на првата позиција на АТП листата.

„Отсекогаш со задоволство играв овде. Синсинати има најдобри навивачи на светот, но оваа година за жал нема да се сретнам со нив“- истакна Федерер.

Со откажувањето на Федерер е јасно дека на врвот на АТП листата ќе биде шпанскиот тенисер, Рафаел Надал.

Од порано настапот во Синсинати го откажаа четворица од првите шест тенисери од АТП Листата. Марин Чилиќ, Енди Мареј, Новак Ѓоковиќ и Станислас Вавринка нема да настапат на овој мастерс.