Лацио од Јуве бара 50 милиони за двајца играчи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

 

Новиот шампион во Суперкупот на Италија, тимот на Лацио, бара од Јувентус високи 50 милиони за евентуален трансфер на Кеита Балде и Стефан Де Вриж.

Според италијанските медиуми, двата тима треба да седнат на маса и да се договорат за играчите во следните 48 часа.

Медиумите наведуваат дека Лацио, за Кеита Балде бара 30 милиони, а додека пак за Де Вриж 20 милиони. Договорите со Лацио на Кеита и на Де вриж им истекуваат на крајот од оваа сезона, па така најверојатно клубот од Рим ќе се реши да ги продаде своите најдобри фудбалери.

Стефан Де Вриж успеа дури и да се запише во победата на Лацио со 3-2 против Јувентус во италијанскиот Суперкуп кој се одигра викендов.