Лео Бонучи искрен: Јувентус е се уште фаворит


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Новиот централен дефанзивец на Милан, Лео Бонучи признава дека Милан сеуште е еден чекор позади Јувентус кој заедно со Наполи е фаворит за титулата.

Росоњерите оваа лето потрошија повеќе од 200 милиони за трансфери, а Леонардо Бонучи тимот на Милан го чинеше 40 милиони.

„Јувентус останува фаворит за скудетото, тука е и Наполи, но ние иако сме чекор зад нив нема да се предадеме лесно“ – изјави играчот.

„Ако Андреа Белоти или Обемејанг ни се приклучи во тимот ќе ги направи работите полесни, ако се случи тоа Милан ќе биде победник во овој трансфер маркет“

Кога беше запрашан за неговиот нов тренер , Вичензо Монтела тој одговори:

„Гледам човек со многу енергија кој сака да го извади најдоброто од секого, тактички е многу мудар, тој е тренер со блексава иднина и се надевам дека со него ќе освоиме многу титули“ – заврши Бонучи.