Лотито: Тој ги одбиваше сите, но не и Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито потврди за италијанските медиуми дека за најдобриот фудбалер на Лацио се интересирале многу силни екипи, но тој секогаш ги одбивал и велел дека не е заинтересиран.

Кога пак Јувентус се приклучи во редот за неговиот потпис тој бил воодушевен.

Кеита Балде има само уште една година од договорот со Лацио, потоа ќе постане слободен играч.

„Ако некој клуб го сака Кеита, тој треба да ја плати сумата која ние ја бараме“ – изјави Лотито.

„Јас сум човек со принципи и не мислам само на пари. За Балде имаше неколку понуди од Италија, но играчот не сакаше да се пресели таму, а доколку Јуве го сака мора барем да испрати понуда која е еднаква на последната која Лацио ја доби за Кеита Балде“.