Бери на медицински прегледи во ВБА


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Герет Бери се сели од Евертон во редовите на Вест Бромвич Албион. Искусниот фудбалер треба да претставува замена за Дарен Флечер кој од ВБА се пресели во Стоук.

Договорот треба да биде потпишан во следните 24 часа, со што Бери веднаш ќе се стави на располагање на Тони Пјулис и ќе биде подготвен за следниот натпревар на Вест Бромвич во Премиер Лигата.

Герет Бери е фудбалер со богато премиерлигашко искуство. Претходно во кариерата Бери со успех ги носеше дресовите на Астон Вила и Манчестер Сити.