Пол Џорџ со специјална порака за навивачите на Индијана


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Во текот на вчерашниот ден излезе комплетниот распоред за НБА натпреварите од сезоната 2017/2018. Фановите и играчите конечно ги дознаа датумите за големите натпревари кои ги очекуваат во новата сезона.

 

Пол Џорџ го напушти тимот на Индијана Пејсерс и се придружи на актуелниот МВП, Расел Вестбрук во тимот на Оклахома Сити Тандер. И откако вчера дозна дека првиот меч против својот поранешен тим ќе го одигра на 13-ти декември, го имаше ова да го каже:

“Да Индијана, 13 декември ќе биде специјална ноќ и за мене. Сите ние ќе имаме посебни причини таа вечер!” – напиша Пол Џорџ на својот Твитер профил.

 

Џорџ првите 7 години од својата НБА кариера ги помина во тимот на Индијана Пејсерс каде имаше сјајни настапи. Во еден период беа и огромна закана за тимот на Мајами Хит каде царуваше тројката Леброн-Вејд-Бош.