Поранешен соиграч на Леброн Џејмс со контроверзна изјава за Кари: “Тој не е топ-10 играч!”


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Данте Џонс, еден од играчите кои беа најредовни на клупата на Кливленд Кавалирс во последните 2 години отсекогаш имал контроверзни коментари во врска со НБА лигата, но веројатно никогаш не го достигнал ова ниво на контроверза.

 

Во интервју за SLAM Magazine Данте Џонс ја даде следната изјава:

“Многумина ми се лутат зошто не го сметам Стеф Кари како топ-10 играч во лигата, ама тоа е во ред. Би рекол дека е некаде помеѓу 11 или 12 место. За Стеф да игра добро, треба Клеј (Томпсон) да игра добро. А на двајцата им е потребен Дрејмонд Грин. Затоа сметам дека Грин е единствениот незаменлив дел во Голден Стејт Вориорс.” – изјави Данте Џонс.

 

Да потсетиме, Стеф Кари е двократен освојувач на МВП трофејот од регуларната сезона, двократен шампион и актуелен држач на рекордот за најмногу погодени тројки во една сезона.