Чарлс Оукли со “бекхенд” го удри противникот на дебито во BIG3 лигата (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Не за џабе велат дека “старо куче не можеш да го научиш на нови трикови”. Епа изгледа дека Чарлс Оукли сѐ уште не ги заборавил ни старите.

 

Во дебито во BIG3 лигата, Чарлс Оукли ја “поздрави” вилицата на Ал Херингтон со удар во негов стил, “бекхенд” со десната рака директно упатена кон неговиот противник.

 

Низ текот на целата кариера Чарлс Оукли беше познат по тоа што беше бескомпромисен секојпат кога ќе излезеше на теренот а честопати тоа знаеше да ескалира и до физичка пресметка помеѓу него и неговите противници.

Неговиот настап во BIG3 лигата не беше ништо поинаков.