Бака пристигна во Шпанија, оди на медицински прегледи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Колумбискиот напаѓач Карлос Бака вечерва го напушти тимот на Милан и отиде да ги изврши медицинските прегледи со тимот на Виљареал.

 

Милан и Виљареал се договорија за трансфер на 30-годишниот напаѓач откако играчот испадна од ротацијата кај тимот од Сан Сиро. Наредната сезона тој ќе игра како позајмен во тимот на Виљареал и цената на позајмицата изнесува 2.5 милиони евра, а во договорот има и клаузула која вели дека Виљареал може да го откупи доколку плати уште 15 милиони евра.

Бака веќе подолго време бараше трансфер во Шпанија и конечно го доби тоа што го посакуваше. Иако низ текот на целото лето фаворит за неговиот потпис беше екипата на Севиља, тој сепак на крајот заврши во Виљареал.